03.10.2022 Скопје
Меѓународната агенција за енергија ја советува Европската Унија да штеди со потрошувачката на гас, за да може да избегне ризик од прекини во снабдувањето оваа зима.
За да се задржат резервите на гас на соодветно ниво до крајот на грејната сезона, побарувачката мора да се намали за 9 до 13 отстово споредба со просекот од изминатите пет години. На тој начин ќе се обезбеди резервите на гас да останат стабилни на ниво меѓу 25 до 30 отсто, во услови на низок прилив на течен природен гас, се вели во соопштението од Меѓинародната агенција за енергија.
Без намалена потрошувачка на гас и во случај на целосно замрзнување на снабдувањето на гас од Русија, нивото на резерви би можело да се намали на нешто под 5 отсто, со што би се зголемил ризикот од прекин во снабдувањето во случај на постудени временски бранови.
Руската инвазија врз Украина и наглото намалување на испораките на природен гас во Европа, предизвикуваат значителна штета за потрошувачите, бизнисите и целите економии и тоа не само во Европа туку и во земјите кои се во развој, стои во соопштението од Меѓународната агенција за енергија.
Подготвено од М.Н.