https://www.flickr.com/photos/andjelic/34093878272/in/photolist-TWL3cs-9rS6Nn-h1LQK5-h1LDx3-g6KTqx-c5LHYj-97C4xb-2NsyYn-7bjgZ8-8gF3ci-piSMpZ-ZaNwCs-GDPtCe-RdJv1K-dVcGKH-4vviEM-9MbBio-nzg7Fv-97G8rN-qNP18x-b4vrp2-KyhQy2-a4fek2-2iNiYg-9rMC4K-h1JPfp-eBkrkt-h1JKDB-h1LHcs-h1LVar-c5LJaE-h1LJui-h1JKHJ-Ufc6i7-ba6Qqk-pf2dmr-4vvimV-48jXwA-HE7izr-4u92F9-4DebcU-scBfHu-d3UMZw-4w8wig-a4i5gA-6iDgPY-6HTskV-5nEjWh-5eNjZT-5eNkWX

11.10.2022 Скопје

Во годишниот извештај на Европската комисија за Србија се наведува дека стапката на усогласеност на Србија со европската заедничка надворешна политика значително е намалена, од 64 отсто во 2020 година на 45 отсто во 2022 година.

Во нацрт-извештајот се нагласува дека Србија не се усогласила со санкциите против Русија, кои ЕУ и ги воведе на Москва како одговор на агресијата во Украина. Воедно, се нагласува и дека низа акции и изјави на Србија беа во спротивност со надворешно-политичката позиција на ЕУ, како и дека од Србија, како приоритет, се очекува да ги исполни своите обврски и постепено да се усогласува со рестриктивните мерки на ЕУ во согласност со преговарачката рамка на Србија.

За регионалната соработка, во извештајот за Србија се оценува дека земјата останува посветена на подобрување на билатералните односи.

За односите со Хрватска, се споменува дека се повеќе се затегнуваат со повремени политички конфликти.

Во документот, односите на Србија со Црна Гора се оценети како предизвикувачки, но се нагласува дека двете страни наговестиле поголема подготвеност за ресетирање на односите и напори за решавање на отворените прашања.

За процесот на нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, во извештајот се оценува дека нема конкретен напредок во преговорите за сеопфатен и правно обврзувачки договор. Воедно, во документот се поканети Белград и Приштина, без натамошно одлагање, конструктивно да се ангажираат и да ги унапредат преговорите за сеопфатен, правно обврзувачки договор за нормализација.

Според наодите на ЕК, во однос на борбата против корупцијата се нагласува дека Србија постигнала само „ограничен напредок”, исто како и за борбата против организираниот криминал, додека во слободата на изразување, не е направен никаков напредок.

Во поглавјето поврзано со основните права, голем дел е посветен на организацијата на „Европрајд” во Србија, на 17 септември, каде се потсетува дека одржувањето на настанот бил неизвесен до последен момент.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author