Image by user18526052 on Freepik

27.10.2022 Скопје

Предлозите на Европската комисија се фокусираат врз загадувањето на воздухот и водата и несоодветното отстранување на отпадот, а за да станат обврзувачки, тие мора да бидат усвоени од Европскиот парламент и земјите-членки, што веројатно ќе трае со месеци. Воедно, предлозите вклучуваат удвојување на границите на количината на ситни честички дозволени во воздухот до 2030 година.

Загадувањето на воздухот е најголемата закана за 450 милиони граѓани на ЕУ.

Европската комисија проценува дека до 2030 година би можеле да се заштедат 121 милијарда евра доколку стапат на сила нејзините правила за загадување на воздухот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author