05.10.2022 Скопје
Резултатите од истражувањето на јавното мислење на Фондацијата Бертелсман покажуваат дека значително мнозинство на европски граѓани го поддржуваат пристапувањето на Украина во Европската Унија.
Од анкетираните Европејци, 66 отсто го подржаа членството на Украина во Унијата.
Поддршката варира од земја до земја во Европската Унија. Во Полска, 84 проценти од испитаниците се изјасниле за членство на Украина во ЕУ, а во Германија и Франција само 60 отсто.
Истражувањето на Фондацијата Бертелсман покажува дека колку подолго трае војната во Украина, поддршката се намалува.
Подготвено од А.Ѓ.