17.10.2022 Скопје
Попладнево, Советот на ЕУ усвои дополнителни мерки за поддршка на украинската војска во рамките на Европскиот мировен договор.
Оваа шеста транша на помош, во рамките на мировниот фонд, изнесува 500 милиони евра, со што вкупниот износ сега достигнува 3,1 милијарди евра.
Жозеп Борел, високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, изјави дека мобилизирањето на дополнителни 500 милиони евра од страна на земјите членки на ЕУ е уште еден доказ дека остануваат одлучни во поддршката за украинските воени сили да ја бранат нивната територија од илегалната агресија на Русија, која ескалира. Воедно, додаде дека ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Украина, се додека тоа биде потребно.
Со новиот пакет помош се испраќа смртоносна воена опрема во износ од 490 милиони евра и десет милиони евра опрема во облик на лична заштита, прва помош и гориво.
Подготвено од А.Ѓ.