07.10.2022 Скопје
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека санкциите на Србија со кои требаше да се забрани увозот на руска нафта преку Хрватска, се одложени.
Она кое ние го работиме со Русија беше да добиваме нафта по добра цена, истакна Вучиќ, Хрватскиот, премиер излезе со теза дека не е во ред Србија да има таква ниска цена на нафтата. Одлуката за нафтата е одложена до 1 декември, но нема рационално објаснување за хрватската интервенција околу оваа проблематика.
Вучиќ истакна дека бугарскиот претседател Румен Радев, отворено изјавил дека одлуката за нафтата не е фер кон Србија, исто така изјавил и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, и искрено им благодарам за нивната поддршка, и додаде дека добил информација дека за оваа одлука незадоволство изразиле и унгарскиот премиер Виктор Орбан и премиерот на Албанија, Еди Рама.
Вучиќ упати и прашање до Хрватите, „кој им има дадено право тие да одлучуваат за тоа, чија нафта Србија ќе купува“, и кога сето тоа го правеа и забрануваа пристап до Јасеновац ние и тогаш кажавме дека немаме никаков проблем со користењето на нафтоводот Јанаф, тоа е нафтовод кој заедно е граден уште во Југославија.
Хрватска беше сигурен доставувач, но за жал веќе не е така, 70 отсто од работењето на Јанаф е во Србија, секогаш сме биле коректни и ниту еден ден немаме задоцнето со плаќање на нашите обврски спрема нафтоводот, истакна Вучиќ.
Подготвено од М.Н.