https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Banderas_europeas_en_la_Comisi%C3%B3n_Europea.jpg

05.10.2022 Скопје

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, пред Европскиот парламент соопшти дека Европската унија се очекува денеска да постигне договор за новите санкции против Русија, предложени од Европската комисија, поради таканаречените референдуми во Украина што ги распиша Москва, како и поради мобилизацијата што ја најави Кремљ.

Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија, најави дека ќе предложи општ договор за снабдување со гас и преговори за пониски цени со сигурни добавувачи. Воедно, прецизираше дека од почетокот на руската војна во Украина, ЕУ ја намалила употребата на гас за десет проценти.

Како што соопшти Лајен, уделот на испораките на руски гас е намален од 41 отсто во февруари на 7,5 отсто во моментов, а европските складишта за гас се полни и до 90 проценти.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author