01.10.2022 Скопје
Во обраќањето на церемонијата на пуштање во работа на гасниот интерконектор меѓу Бугарија и Грција во Софија, спрскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека овој проект е важен и за Србија и побара од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, да ги вклучи и земјите од Западен Балкан во плановите на ЕУ за цените на енергенсите.
Српскиот претседател Вучиќ истакна дека Србија започнала со изградба на гасен интерконектор со Бугарија на своја територија и дека двете ќе го завршат проектот за една година и дека новите интерконектори со Бугарија и со Северна Македонија ќе значат многу за Србија и дека без Европската Унија никогаш немаше да се постигнат тие цели.
Претседателот Вучиќ, во своето обраќање, побара од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, земјите од Западен Балкан да ги стави на заедничката листа на земји од ЕУ кога станува збор за цените на енергенсите.
Подготвено од А.Ѓ.