04.10.2022 Скопје
Европската Унија ќе воведе единствена порта за полнење на мобилни телефони, таблети и камери до 2024 година, што се очекува повеќе да влијае на компанијата „Apple“ отколку на неговите ривали.
Новата одлука ќе ги направи USB-C конекторите, што ги користат уредите базирани на „Android“, стандард, принудувајќи го „Apple“ да го промени својот приклучок за полнење за „iPhone“ и други уреди.
Меѓу големите добавувачи на електронски уреди за европските клиенти, „Apple“ се очекува да биде меѓу најпогодените.
Аналитичарите очекуваат и можно позитивно влијание, бидејќи тоа би можело да ги поттикне купувачите да ги купат најновите гаџети на компанијата, наместо оние без USB-C конектор.
Во минатото, „Apple“ предупредуваше дека предлогот ќе им наштети на иновациите и ќе создаде огромна количина електронски отпад.
Европратениците ја поддржаа реформата со големо мнозинство, со 602 гласа „ЗА“ и само 13 гласа „ПРОТИВ“.
Европската комисија процени дека со еден полнач ќе заштедите околу 250 милиони евра за потрошувачите.
Подготвено од А.Ѓ.