https://www.facebook.com/photo/?fbid=476179297889035&set=a.248906790616288

13.10.2022 Скопје

На маргините на Регионалниот самит во Казахстан, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оствари средба со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко.

Ердоган и Лукашенко разговараа зад затворени врати по дебатата на Конференцијата за интеракција и мерки за градење доверба во Азија (CICA) во главниот казахстански град Астана.

Агенцијата Анадолија информира дека се очекува турскиот претседател да се сретне и со неговиот руски колега Владимир Путин, со кого треба да разговара за можноста за дијалог меѓу Русија и водечките европски земји, како и за посредничките напори на Турција да се стави крај на конфликтот во Украина.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *