28.10.2022 Скопје
Израелскиот производител на генерички лекови Тева предупреди дека растечките трошоци за енергија во Европа би можеле да го забрзаат егзодусот на компаниите, клучни за производство на клучни лекови и дополнително да ги загрозат синџирите на снабдување, кои се сериозно нарушени од пандемијата.
Тева во извештајот напиша дека поради притисокот врз цените на клучните лекови, производството на активни фармацевтски состојки одамна е префрлено на исток, во Индија и Кина, каде што трошоците се многу помали. Војната во Украина и поврзаната енергетска и економска криза би можеле „трајно да го лишат европскиот континент од производствена база за некои клучни лекови“.
Претставници на израелската компанија го наведуваат неодамнешниот недостиг на тамоксифен, активна фармацевтска состојка што се користи во клучниот лек за рак на дојка, во Германија. Воедно, истакнаа дека единствениот европски производител на тамоксифен го прекина производството бидејќи стана неекономичен, а го посочија и примерот со парацетамолот.
Последната европска фабрика за парацетамол беше затворена во 2008 година, оставајќи ја Азија како примарен извор на производство.
Во извештајот се потенцира и дека во екот на пандемијата на Ковид-19, Европа имаше проблеми со снабдувањето со парацетамол бидејќи немаше „помош или логистички капацитет да го зголеми производството на краток рок“.
Подготвено од А.Ѓ.