23.10.2022 Скопје
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на неколку високи функционери и државници им додели Орден на кнезот „Јарослав Мудриот“, а меѓу нив е и претседателот на македонскиот Парламент, Талат Џафери.
Орденот се доделува поради „значајни лични заслуги во зајакнувањето на меѓудржавната соработка, поддршката на државниот суверентитет и територијалниот интегритет на Украина, значителен придонес во популаризацијата на украинската држава во светот“.
Одликувањето на Џафери ќе му биде врачено во Загреб, на конференцијата на Кримска платформа, што ќе се одржи на 25 октомври.
Освен Џафери, Орден добија и претседателот на Бундестагот, Бербел Бас, потоа претседателот на Собранието на Норвешка, како и претседателите на Парламентите на Ирска, Швајцарија, Франција, Летонија, Естонија, Литванија и Хрватска.
Подготвено од А.Ѓ.