https://kumanovo.gov.mk/%d0%b4%d0%b2%d0%b0-%d0%bc%d0%b5%d0%b3%d0%b0-%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%86%d0%b5%d1%80%d1%82%d0%b8-%d0%bd%d0%b0-%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d1%81%d0%ba%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%bf%d0%bb%d0%be%d1%88%d1%82%d0%b0/?fbclid=IwAR1VKV_Rq8Ah5xLB81BupHo12Iz4agd_1fi3zGwID-wH4bWQZ4MNsD88lqo

21.10.2022 Скопје

Општина Куманово соопшти дека по повод 11 Ноември, Ден на град Куманово, на градскиот плоштад на 09.11.2022 година (среда) и на 10.11.2022 година (четврток) ќе се одржат два мега концерти, со почеток во 20.00 часот.

На првата вечер ќе настапат Дајте Музика, Тајзи и Сара Јо.

А во предвечерието на Денот на градот, ќе настапат Влатко Лозаноски Лозано, Алкета, Барди и Next Time.

Инаку, на 11 Ноември 1944 година, Куманово осамнало ослободено од фашистичкиот окупатор. Неколку дена пред ослободувањето на градот се воделе жестоки борби во кумановско, а околу Куманово биле концентрирани голем број германско – фашистички војници. Германците и покрај тоа што давале силен отпор, претрпеле големи загуби во Страцин, каде се борела кумановската дизвија со 17 и 18 бригада.

На 11 Ноември, околу 8 часот започнала прославата за големата победа, кога партизаните влегле на слободна територија.

За слободата на Куманово животот го дале 455 борци и 350 цивили.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author