15.10.2022 Скопје
Според податоците за потрошувачката за месец септември 2022, споредено со истиот месец минатата година, државните институции оствариле вкупно заштеда на електрична енергија од 18 отсто, истакна минатата вечер, министерот за економија Крешник Бектеши.
Бектеши наведува дека мерките за заштеда на електрична енергија, кои ги има донесено Министерството за економија, а се задолжителни за држаните институции во Северна Македонија, ги даваат резултатите кои се за позитивна оцена за спроведување на мерката за штедење на електрична енергија.
Подготвено од М.Н.