
19.10.2022 Скопје
Владата на денешната 93-та седница ја разгледа Информацијата со споредбена анализа за потрошена електрична енергија од државните институции, подготвено од Министерството за економија.
Владината прес-служба информира дека Министерството за економија било задолжено да достави ваква информација и анализа до Владата, откако органите на државната управа, институциите коишто немаат статус на органи на државната управа и правните лица основани од државата, преку Генералниот секретаријат на Владата, беа задолжени да остварат заштеди во потрошувачката на електрична енергија.
Како што се наведува во соопштението, задолжението се однесува на заштеди од 15 отсто на месечно ниво, започнувајќи од 1 септември 2022 година, заклучно со 31 март 2023 година, споредено со истиот месец од претходната календарска година.
Подготвено од А.Ѓ.