06.10.2022 Скопје
Вчеравечер, Драмскиот театар Ловеч од Република Бугарија ја претстави театарската претстава „Службогонци“ од Иван Вазов на фестивалот „Денови на комедијата“ во Куманово. Организатор на настанот беше Националниот центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово.
На крајот од претставата, актерите се изненадија од силниот и долг аплауз, како и од стоечките овации кои ги добија од многубројната публика.
Комедијата „Службогонци“ од Иван Вазов е едно од најсветлите дела во бугарската класична драматургија, толкувајќи општествен феномен кој се родил по Ослободувањето и со текот на времето станал неуништлив. Подложува само метаморфози. Феноменот се нарекува кариеризам, амбиција за моќ и корупција. Собирајќи ликови пред министерска канцеларија, Вазов слика галерија од социјални типови кои се смешни и грдо-карикатурни во нивното единствено барање – да добијат државна служба, да станат службеници во кое било министерство.
„Службогонци“ е сатиричен и тажен спектакл за изгубеното човечко достоинство, но во кој често се смееме. Трагикомична анализа на нашето време и прашањето што значи да се биде „службогонец“ денес.
Во изведбата преовладува монолошката форма – секој ги слуша само своите химери и амбиции и не „слуша“ ништо друго.
Подготвено од А.Ѓ.