25.10.2022 Скопје
Дополнителни 5 или 10 евра им се бараат на гостите во кафеаните во Виена, ако седнат на терасите кои се греат со греалки.
Локалниот медиум „Хојте“ пишува дека зголемувањето на цените на електричната енергија притисна многу ресторани. Додека некои сопственици се приморани да ги затворат своите угостителски објекти во пресрет на зимата, оние во Австрија смислија друго решение.
Кармен Пахшвел, сопственичка на виенскиот ресторан „Лукулус“, наместо да стави клуч на својот угостителски објект пронашла „рецепт“ за намалување на трошоците за струја. Пониските температури нема да ги спречат гостите да седат во популарна градина на ресторанот, благодарение на 40 греалки.
Но, ако гостите сакаат да се греат, ќе треба да платат 5 евра за четворица, а 10 евра за осум лица.
Угостителите за „Хојте“ велат дека многу гости сега одат само на тераса за да пијат аперитив, а потоа продолжуваат да јадат и пијат во ресторанот.
Подготвено од А.Ѓ.