01.10.2022 Скопје
Министерството за образование и наука (МОН) ги известува сите корисници на правото за студентска стипендија остварена во некоја од изминатите академски години, кои ги исполнуваат договорените услови за продолжување на ова право, дека рокот за достава на документите започнува од 1-ви и ќе трае до 30-ти октомври 2022 година.
Корисникот на стипендија треба да достави потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање, уверение за положени испити со успех од претходните години, УППИ образец за предвидени и положени испити со успех од претходните години, како доказ дека има положено 80 односно 90 проценти од предвидените испити, зависност од типот на стипендијата, односно дека го одржал просечниот успех на студирањето, согласно договорот за стипендија.
Документите ќе се доставуваат електронски со прикачување на соодветната документација, која е наведена претходно горе, на линкот http://e-uslugi.mon.gov.mk.
Подготвено од М.Н.