https://www.facebook.com/photo?fbid=185742097309967&set=pcb.185742217309955

28.10.2022 Скопје

Ранливите семејства во земјава ќе бидат лекувани со уреди за телемедицина од лекари кои се обучени за давање на телемедицински услуги, соопшти УСАИД. Иницијативата ќе започне од денес, откако УНИЦЕФ и УСАИД, обезбедија педесетина уреди за следење на здравјето од далечина кои ќе им овозможат на лекарите да вршат физички преглед од далечина.

Лекарите со помош на уредите за следење ќе можат да вршат физички прегледи на пациентите од далечина за да дијагностицираат акутни состојби како што се ушни инфекции, воспалено грло, треска, настинка и грип, алергии, стомачни проблеми, инфекции на горните дишни патишта и осипи.

Оваа иницијатива има за цел да обезбеди алтернативи на традиционалните здравствени консултации лице в лице, во случај кога физичкото присуство не е можно или пак не е потребно, и да го зголеми првичниот пристап до здравствените услуги.

Околу 150 матични лекари учествуваа на работилниците, фокусирани на три главни области а тоа се: клучни принципи на телемедицината, развој на вештини за делотворна комуникација со пациентите од далечина, и практична употреба на модулот за телемедицина преку државниот електронски систем Мој термин.

До крајот на оваа година се очекува до 70 отсто од матичните лекари да ги изградат своите капацитети за давање на телемедицински услуги на децата и нивните семејства.

Подготвено од М.Н.

About Author