31.10.2022 Скопје
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Русија е подготвена да преговара со своите западни колеги доколку Западот целосно ги земе во предвид интересите на Русија, како и нејзината безбедност, и секако доколку понуди сериозни пристапи кои загарантирано ќе придонесат за смирување на тензиите.
Инаку претходно, Министерството за надворешни работи на Украина соопшти дека ќе преговараат со Русија но откако ќе бидат повлечени сите руски војници од територијата на Украина.
Ова барање од Министерството за надворешни работи на Киев, следува како одговор за повторените барања на Москва за преговори, кои во последно време се зачестени.
Подготвено од М.Н.