https://www.flickr.com/photos/spd-sh/6981654181/in/photolist-bCWNxX-fD7w8N-dChmye-271kikd-3JLS3-akoEev-nK6zoY-pG2xfw-4VmxAh-8EHLVH-8NeEbT-8NfcjV-9i7sP6-2ghe6fM-sqzMyA-2kaXuoW-2kaXuJW-2kaXNBt-2kaYf2H-mPRkLZ-jw5wuw-2mR4zhc-2mR4zoe-8CQAq9-bATF8R-8CQAxG-8CQAku-8CMv9P-8CMvfX-6U8MdE-pVaJqK-7DLhmX-7DQ6Gw-2mPtvLG-7BAwj7-gP9x3j-9biDJD-7BK5XF-9biDir-2nrfqHw-K5DboC-ejq1ZG-9MDqPi-9MG7zw-2kZWQjT-7v2jLo-p2qD64-9bmMDY-9MG9Tb-hykPaN

16.10.2022 Скопје

Германскиот канцелар Олаф Шолц, повика на проширена Европска Унија, порачувајќи им на европските социјалдемократи дека на тој начин ЕУ ќе може да оствари поголемо влијание во глобалните прашања.

Ова прашање стана поактуелно поради Руската инвазија на Украина, која стана кандидат за членство во ЕУ ова лето.

Европската Унија со 27, 30, 36 земји, со повеќе од 500 милиони еднакво слободни граѓани, може да има уште поголема тежина во светот, истакнал германскиот канцелар Олаф Шолц.

Шолц откако ја има превземено функцијата канцелар, како еден од темелите на својата надворешна политика, го постави прашањето за проширување на Европската Унија на балканските и другите земји, на Конгресот на Партијата на европските социјалисти во Берлин.

Проширувањето на Европската Унија кон истокот е победа на сите нас, потенцираше Шолц на Конгресот во Берлин.

Подготвено од М.Н.

About Author