https://www.flickr.com/photos/jenniferboyer/6042786929/in/photolist-acYS2x-2jA9hXn-2juceHq-2mJENeV-2mJwfyn-MMr8dY-2kpiBF4-5TRqvq-2ksyHcM-2jyY2VD-AjwgaN-2jyL92r-2kiEcsm-fNvhSx-7JnZBs-2mmrcP2-2jAd3Lm-2hfvDfA-2mmrfbm-zfSJqE-nH1YVZ-2hfpyoY-39XwZi-5ntrxp-ddBebH-2hccfrw-2mmhkmM-2iYQEHs-2kuoVWA-2hfvDi6-bdDWM-6odLyf-2i1AADj-B9AkAc-ijiiLN-2mmhiYG-2mmmdCs-CVFFf-2naKmbE-2mmrbuP-Gx6dcL-ktfXjj-2mmre3p-ku68a6-2kukgXs-5Fco6w-2mmhjXa-29eP43p-cfpHjC-2mmmb4z

03.10.2022 Скопје

Хелена Тривиќ синоќа на полноќ прогласи победа на изборите за претседател на Република Српска, што доколку се потврди би било големо изненадување, бидејќи тоа би значело пораз на Милорад Додик, кој е крајно внимателен во тврдењето дека тоа не е вистина.

Врз основа на резултатите по пребројувањето на 72,3 отсто или 468 илјади гласа,ПДП утврдила дека Тривиќ добила 236 илјади гласа или 51,2 отсто, а Додик 225 илјади гласа или 48,7 отсто. Останати се да се пребројат уште 170.000 гласа, но предноста на Тривиќ е голема и Додик повеќе нема да може да ја престигне.

Додик изјавил дека СНСД има постигнато максимален резултат, но сепак беше претпазлив, велејќи дека во овој момент има значителна предност пред Тривиќ и дека нема причина да се сомнева во крајниот исход.

Овие избори покажаа демократска свест и горд сум што бев кандидат и што ќе бидам иден претседател на Република Српска. Ќе соработувам со нашите важни партнери, Русија, Србија и Унгарија, изјавил Додик.

Од друга страна пак, Хелена Тривиќ, изјавила дека е целосно убедена во својата победа, разликата во гласовите е недостижна и во изборниот штаб на Партијата за демократски напредок (ПДП) во Бања Лука се прославува за дефинитивната победа над Додик.

Подготвено од М.Н.

About Author