26.10.2022 Скопје
Јованка Тренчевска, министерката за труд и социјална политика, истакна дека исплатата на платите на вработените во градинките доцни заради доцнењето на градинките со доставувањето на податоците за платите поради покачувањето од 15 проценти.
Министерката за труд и социјална, Јованка Тренчевска, на настанот на која беше промовирана мерката „Поддршка за креирање на нови работни места преку зелени инвестиции“ од Оперативниот план за активни програми и мерки за 2022 година, изјави дека платите ги има потпишано вчера, и истите доцнеле заради доцнењето на градинките со доставувањето на податоците за платите, додавајќи дека платите ги подготвуваат стручните лица во самите градинки – сметководители, благајници што ги имаат во градинките, кои поради покачувањето од 15 проценти на платите на давателите на јавни услуги мораа да прават нова пресметка и наместо до 15-ти, малку доцни.
Тренечевска истакна дека вината не е во Министерството за труд и социјална политика, туку во самите градинки кои доцна доставиле пресметка на плата.
Подготвено од А.Ѓ.