https://www.facebook.com/photo?fbid=419968936980306&set=pcb.419969076980292

19.10.2022 Скопје

Директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, и помошникот министер за обука, Суза Тасевска, на покана на ИЦИТАП, присуствуваа на овогодинешната конференција за шефови на полиции во организација на Меѓународната асоцијација на шефови на полиции-IACP, информираа од МВР.

Македонската делегација учествувала и присуствувала на неколку работилници и предавања, како и на сесија на Генералното собрание на асоцијацијата, каде имал обраќање и главниот јавен обвинител на САД, Мерик Гарланд, а преку видео линк обраќање имал и претседателот на САД, Џо Бајден.

На генералното собрание биле прогласени најдобрите полицајци од САД за 2022 година и уште 22 полициски службеници кои во текот на годината покажале исклучителни резултати во својата професија.

На маргините на конференцијата, во организација на главната канцеларија на ИЦИТАП, се остварила и средба меѓу помошникот главен јавен обвинител Кенет Полајт и странските делегации. На оваа средба Тасевски упатил благодарност за исклучителната поддршка која што ИЦИТАП ја дава на македонската полиција веќе 20 години, соопштија од МВР.

На крајот на средбата, во присуство на помошникот главен јавен обвинител, Кенет Полајт и Грегори Дукот кој е извршен директор на ИЦИТАП, диркторот Тасевски му врачил признание на полициското аташе во Република Северна Македонија, и се заблагодарил за досегашната поддршка и воведување на клучни проекти.

Подготвено од М.Н.

About Author