https://www.facebook.com/photo/?fbid=656846559361827&set=pb.100051094670379.-2207520000.

20.10.2022 Скопје

Денеска во Белград, српскиот претседател Александар Вучиќ се сретна со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, со кого разговараше за актуелните случувања во рамките на процесот на нормализирање на односите со Приштина, можностите за продолжување на дијалогот и изнаоѓање на одржливи решенија.

Во соопштението од прес-службата на српскиот претседател се наведува дека Вучиќ уште еднаш ја истакнал целосната посветеност на Србија за продолжување на процесот на дијалог и решавање на отворените прашања меѓу Белград и Приштина, со акцент на целосното спроведување на досегашните договори потпишани во Брисел и почитувањето на меѓународното право.

Американскиот специјален пратеник Габриел Ескобар изразил очекување дека дијалогот меѓу Белград и Приштина а сите отворени прашања и сеопфатната нормализација на односите ќе продолжи динамично и конструктивно, што е значајно и за граѓаните и за севкупниот мир, стабилност и напредок на регионот, со брз крај на преговорите.

Претходно, Габриел Ескобар ја посети Приштина каде имаше разговори со косовските власти, а вчеравечер изјави дека од своите колеги од Европа слушнал дека постигнувањето конечен договор меѓу Косово и Србија е прашање на недели.

Американскиот пратеник истакна и дека во Приштина разговарал со претседателката на Косово, Вјоса Османи, за моделите за формирање на Заедницата на српски општини, дека најважно е ЗСО да се прилагоди на Уставот и законите на Косово и дека во Европа има многу модели кои би можеле да послужат како пример. Воедно, од косовската претседателка Османи и од косовскиот премиер Курти побарал да ја одложат одлуката за замена на регистарските таблички за десет месеци.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author