https://www.freepik.com/free-photo/businesswoman-showing-coins-with-white-piggybank-desk_2914540.htm#query=saving%20money&position=3&from_view=search&track=sph

31.10.2022 Скопје

Денеска се одбележува Светскиот ден на штедењето кога се потсетуваме колку е важно да се има заштеда и долгорочно да се штеди за остварување на поставените цели.

Светскиот ден на штедењето е воведен во 1924 година на Првиот меѓународен конгрес на штедилниците во Милано, Италија.

Италијанскиот професор Филипо Равица на последниот ден од конгресот го прогласил овој ден за „Меѓународен ден на штедењето“, а идејата била прифатена од 29 земји кои сакале да ја потсетат јавноста за важноста на штедењето за економијата и за поединецот.

Во текот на месец октомври од страна на бројни финансиски институции и организации од различни земји низ светот, вклучително и од нашата земја, се преземаат активности за одбележување на месецот на штедење кои го промовираат значењето и предностите на штедењето.

Светскиот ден на штедењето бил воведен со цел да се едуцираат луѓето ширум светот за важноста на штедењето со одреден принос (камата), наместо да се чуваат парите дома. Навиката за штедење може да доведе до подобра финансиска благосостојба на поединецот.

На овој ден во Република Северна Македонија традиционално се избираат најдобрите банкарски работници во изминатата година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author