https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/9/93/Debar.jpg

11.10.2022 Скопје

Денеска, во периодот од 09.15 до 15 часот без електрична енергија ќе бидат жителите на целото дебарско подрачје.

Од ЕСМ информираат дека прекинот е поради редовните годишни планирани активности во хидроелектраната „Шпилје“, кај Дебар. Воедно, додадоа дека ќе бидат реализирани планирани редовни годишни испитувања на релејната заштита на регулациониот трансформатор (РТР) 110/35 kV во ХЕ „Шпилје”, профилактички испитувања на 110 kV Блок трансформатори и 110/35 kV РТР oд страна на надворешен извршител, како и редовни годишни ревизиски активности од службата за електро машинско одржување (СЕМО) на ХЕС „Црн Дрим“.

Дебарското конзумно подрачје ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше, кое во целина опфаќа повеќе од дванаесет илјади потрошувачи.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author