30.10.2022 Скопје
Во Благоевград за денеска е закажано отворањето на македонскиот културен центар со името „Никола Вапцаров“, каде што, од македонските претставници во име на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува генералниот секретар Миле Бошњаковски, а премиерот Димитар Ковачевски најави дека нема да присуствува.
На отворањето на клубот присуство најавија и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев, а ќе замине и делегација од Демократскиот сојуз.
Од МНР потенцираат оти интерес на двете држави и на сите граѓани е унапредување на добрососедството. Во оваа насока ги охрабруваме и локалните власти, но и сите други здруженија и групации за посебен фокус кон активности кои создаваат пријателство, меѓугранична соработка, економска, културна и туристичка размена, соодветно на духот на европската соработка.
Подготвено од М.Н.