privaten bus

31.10.2022 Скопје

Од утрово, автобусите со броевите 19, 20, 52, 54 и 22 не превезуваат патници, поради што жителите кои ги користат услугите на приватните превозници од Шуто Оризари, Ржаничино, Волково и Колонија Идризово останаа без превоз.

„Макекспрес“ соопшти дека автобусите не превезуваат патници поради неможноста на возачите да ги покријат дневните трошоци за гориво, кои се појавија како последица на нередовнста исплата од страна на Град Скопје односно на ЈСП „Скопје“ за услугата кои тие ја вршат.

Од „Макекспрес“ истакнаа дека во моментов ЈСП „Скопје“ им должи 30 милиони денари и поради тоа тие немаат средства за да стават гориво во возилата и нивните автобуси од утрово не превезуваат патници. Воедно, потенцираше дека и покрај најавите од нивна страна дека од утрово нема да возат нивните автобуси, сепак до сега немало никаква реакција од Град Скопје за надминување на овој проблем кој трае подолг временски период.

Во меѓувреме, ЈСП „Скопје“ вклучи дополнителен број на автобуси за на тој начин да ги „покрие“ линиите на кои приватните автобуски превозници од „Макекспрес“ не возат.

Од Јавното сообраќајно претпријатие информираат дека скопјани не останаа без превоз на линиите на кои вози посочениот приватен превозник.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author