https://www.flickr.com/photos/maxchen2k/46193502072/in/photolist-2dnXLNU-JYjrt3-2nviwEK-2mqAhzZ-2mqByA1-2gHaJfk-5M8VSE-2aDQVtJ-2nNkePG-2j5WiKC-8Qdog1-2g4HTgk-LbsSDQ-2kShHYR-LtJ8Wi-2mM5SeB-2mNckGY-bP31gg-d3hDZm-7owLqQ-77mguy-6Do3g9-7mE7Sm-7mAfi4-7mAfxv-2kuZg2D-23WUTAF-2iCjqeA-2iKuYs7-dFamH-2mgpHih-2npA1Bv-24a47Lh-RnrKBN-2mS1W76-LmdsGr-2n6dNTr-2nafqdC-pAKcLD-2jFaNUJ-FXLd9B-2ki6jYr-bHoVbx-7mAfNv-7mE8mb-7mE8e5-N8vSDp-7v8WJc-j7obZe-nkpCqn

01.10.2022 Скопје

Во изминатите неколку години, Скопје високо котираше на мапата на најзагадени градови во светот, а многу често, особено во деновите кога надворешните температури паѓаа под нула степени Целзиусови, се рангираше и на првото место како најзагаден главен град во светот.

Грејната сезона е на прагот, а со тоа се зголемува и загриженоста кај скопјани околу тоа каков воздух ќе дишат зимава.

Мерните станици што го регистрираат квалитетот на воздухот што го дишеме, во студените месеци, покажуваа вредности на неколкукратно зголемување на загаденоста на воздухот и присуство на канцерогените ПМ10 и ПМ2.5 честички, кои според здравствените работници предизвикуваат непоправлива штета на респираторниот систем и многу често се причина за бројни посериозни заболувања на дишните патишта.

Во Скопската Котлина, како една од најзагадените населби веќе подолго време е населбата Лисиче, како и Горно Лисиче. Главен причинител за лошиот квалитет на воздухот е тоа што локалното население на овие места најчесто користи огревно дрво за затоплување на домовите, а во близина е и најголемата скопска депонија Вардариште, на која многу често се спалува секаков вид отпад.

Дополнителен проблем се јавува поради присуство на голем број диви депонии, но и поради фактот што некои граѓани поради најразлични причини, најчесто поради неможност да си набават огревно дрво, во обид да ги затоплат своите домови горат секаков вид отпад, гуми, лакирано дрво ос стари врати и прозорци, пластика и облека. Сето ова е причина долги години наназад локалното население да дише загаден воздух неколкупати над дозволеното ниво.

Во обид да се намали загадувањето на амбиенталниот воздух што го дише населението во Лисиче, преку проектот „Справување со загадувањето во Град Скопје“ кој во изминатиот период во неколку фази се реализираше на територија на Општина Аеродром, локалната самоуправа, во соработка со повеќе институции од земјава и во странство на дел од граѓаните им отворија можност да ги променат печките на дрва или на јаглен со инвертери, топлотни пумпи или печки на пелети, а некои е извршена и замена на врати и прозорци и се обновени покриви и фасади.

Со реализација на проектот „Справување со загадувањето во Град Скопје“, повеќе од 130 домаќинства во населба Лисиче добиле еколошки уреди за греење и енергетско-ефикасни фасади. Проектот е финансиран од Шведската амбасада со поддршка на УНДП.

Тимчо Муцунски, градоначалникот на Општина Аеродром, при презентацијата на проектот ја нагласи важноста на неговата реализација и дека тој е од огромна помош за жителите што се најпогодени од проблемот со загадувањето.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author