https://www.flickr.com/photos/secdef/52398386484/

03.10.2022 Скопје

Лојд Остин, американскиот секретар за одбрана, изјави дека не гледа непосредна закана од кинеска инвазија врз Тајван, но смета дека Пекинг со своите воени активности се обидува да воспостави нова нормалност околу островот.

Американскиот секретар за одбрана Остин укажа на зголемената активност на Пекинг, како што се бројните прелети на кинеските воени авиони преку централната линија во Тајванскиот залив. Воедно, додаде дека тој број се зголеми со текот на времето.

Остин истакна дека Соединетите Американски Држави ќе продолжат да работат со сојузиците и партнерите за да се обезеди одржување на слободен и отворен Индо-Пацифик.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author