14.10.2022 Скопје
Иако беше најавено дека до крајот на неделата ќе бидат готови анализите на Министерството за економија за тоа дали Македонија, заради енергетски заштеди ќе остане на летното сметање на времето, по се изгледа на одговорот ќе се почека уште малку.
Крешник Бектеши, министерот за економија, изјави дека е побарано мислење од МАНУ и од Бирото за метрологија и најави дека штом се добие нивното мислење, анализата ќе биде доставена во Владата, која треба да ја донесе конечната одлука.
Во понеделникот, премиерот Димитар Ковачевски изјави дека анализите ќе покажат каква одлука ќе биде донесена, при што призна дека има повеќе „про“ за да остане летното сметање на времето поради првичната проценка дека тоа ќе биде можност за заштеда на енергија.
Зимското сметање на времето почнува од последниот викенд во октомври, кога стрелките на часовникот се поместуваат за еден час наназад.
Подготвено од А.Ѓ.