https://www.flickr.com/photos/globalgamingbusiness/51589802794/in/photolist-2mAPe1w-2mGAtbY-2nqUJAe-2mHeSPx-2njT6zX-2njPVBT-2njMFCu-2nRbe7c-2njMFAL-2njMFEt-Uqduyz-UqducH-Uqdv9c-2niFCU4-2mGCMid-2mGF5tQ-2nFdnwK-2nBGi2m-2niDTwt-2nRfgcd-2niEktd-2niDdsA-2nixFof-2niD4FF-dK3g66-eb8fNZ-2niD4p3-2niEh7o-dX31u9-2niDdbU-2niDGbP-2mMojH6-2nPn5rC-2nPg5St-kFLAE1-qSsgKA-2nzpC8g-dMCxQ6-SZJTL4-2niFBdJ-2nixCPc-dK8HLo-2niEgQg-qQeJSJ-SpR6s7-dMCxRn-2nGihLW-ebhi8Z-2niFzN9-2nxuVd7

22.10.2022 Скопје

Денеска, јапонскиот премиер Фумио Кишида предупреди дека руската употреба на нуклеарно оружје би претставувала „чин на непријателство против човештвото”.

Кишида истакна дека руското заплашување за можна употреба на нуклеарно оружје претставува сериозна закана за мирот и безбедноста на меѓународната заедница и е целосно неприфатливо.

Фумио Кишида е лидер на единствената земја во светот која беше погодена со атомска бомба, во летото 1945 година.

Во мај 2023 година, Кишида треба да биде домаќин на лидерите на Г7 во Хирошима, која беше погодена од американска нуклеарна бомба на 6 август 1945 година, при што загинаа 140.000 луѓе. Три дена подоцна беше нападнат и јапонскиот град Нагасаки.

За јапонскиот премиер тој период од 77 години без прибегнување кон нуклеарно оружје „никогаш не треба да заврши”.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author