13.10.2022 Скопје
Владата на Чешка објави дека им забранува влез во земјата на сите руски туристи, уметници и спортисти, кои што имаат визи за влез во шенген-зоната. Министерот за надворешни работи на Чешка, Јан Липавски, истакна дека ова најмногу се однесува на луѓето кои доаѓаат во Чешка со авион до аеродромот во Прага.
Мерката треба да стапи на сила на 25 октомври и со тоа и Чешка се приклучува кон Полска, Финска и балтичките земји, кои веќе имаат воведено таква мерка. Поради големите Руски ракетни напади кои се случија во понеделник и вторник, ова е јасна порака од нас до жителите на Руската Федерација, изјави Липавски.
Чешка, која во моментов претседава со Европската Унија, престана да издава визи за руските граѓани, освен за хуманитарни случаи, ден откако Русија ја започна инвазијата над Украина на 24 февруари. Прага донесе одлука дека од 2023 до 2025 година ќе издвојува 20,6 милиони евра годишно за обнова на Украина.
Членка на Европската Унија и НАТО, Чешка која има 10,5 милиони жители, од крајот на февруари и има дадено на Украина воена помош во вредност од 173 млиони евра, изјави министерот за надворешни работи, Јан Липавски.
Подготвено од М.Н.