https://www.facebook.com/photo/?fbid=506074781532939&set=a.309169057890180

19.10.2022 Скопје

Министерството за образование и наука континуирано вложува во инклузивното образование. Градењето на подобар образовен систем значи обезбедување можности секое дете, согласно своите потенцијали, да стекне знаење и вештини што ќе му бидат потребни за да биде релевантен и активен ученик во општествениот живот.

Тим на Министерството заедно со стручни лица избраа 118 основни училишта, од сите општини во Република Северна Македонија во кои ќе се изведат реконструктивни зафати за подобрување на пристапноста до и во објектите, како и за подобрување на хигиенски-санитарните услови, информираат од МОН.

Министерството за образование и наука во оваа активност има поддршка од Светска банка, во рамки на новата четиригодишна Стратегија на Банката за партнерство со земјата за период 2019-2023 година.

Вкупната вредност на овој проект изнесува 21,5 милиони евра и истиот се имплементира преку Единица за управување со проектот во рамките на Министерството за образование и наука.

Подготвено од М.Н.

About Author