istorija 7 odd

28.10.2022 Скопје

Во законски утврден рок од 10 дена, Комисијата има обврска до министерот да достави предлог за повлекување на учебникот, доколку членовите констатираат дека претставките се основани.

МОН соопшти дека примило повеќе претставки дека одредени податоци и информации кои се објавени во учебникот не соодветствуваат со научната реалност.

Од МОН се наведува дека заедно со други надлежни институции ќе продолжи да работи на подобрување на содржината на сите учебници кои се користат во средното и основното образование, и во тој процес ја вклучи и јавноста, со што оние граѓани кои сакаат да достават свои забелешки и сугестии за учебниците ќе може да ги пратат електронски на book@mon.gov.mk.

Подготвено од М.Н.

About Author