https://www.facebook.com/543225802368857/photos/pb.100064724944703.-2207520000../1608600432498050/?type=3

12.10.2022 Скопје

Отварањето на клубовите „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трети“ во Северна Македонија, се уште ја брануваат јавноста, поради називите на здруженијата кои биле личности соработници на фашистите. Во битолското и охридското Обвинителство веќе има по неколку поднесени пријави против основачите на овие здраженија.

Во меѓувреме е започната постапката за регистрација на ново здружение кое ќе биде под името „Цар Фердинанд“ со седиште во Богданци.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги имаат доставено измените на Законот за здруженија и фондации до Собранието, и предлагаат да се донесе во скратена постапка. Опозицијата бара не само новите, туку и веќе постоечките бугарски здруженија кои се со спорни имиња да извршат промена во Централниот регистар.

Лидерот на опозицијата, Христијан Мицковски, упати апел да бидат поддржани овие измени, за да може конечно да се стави крај на секојдневните провокации.

Во меѓувреме адвокатот Тони Менкиноски, поднесе иницијатива до Уставниот суд за да се оцени уставноста на Програмата за работа и Статутот на здружението „Цар Борис Трети“ од Охрид.

Подготвено од М.Н.

About Author