03.10.2022 Скопје
На предвремените парламентарни избори во Бугарија, победи партијата ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов, но сеуште е многу нејасно дали ќе успее да формира влада. Во последните две години ова беа четврти по ред парламентарни избори во Бугарија, и сега Борисов ќе треба да се обиде повторно да формира владина коалиција во многу фрагментиран политички пејсаж.
Покрај неговата често пријатна врска со Кремљ и руските енергетски компании, Борисов се обидуваше на овие избори да се претстави како проевропски атлантист, имаат забележано американските медиуми кои ги следат природните сојузници на ГЕРБ во второпласираната проевропска и про-НАТО коалиција „Продолжуваме со промените“, предводена од поранешниот премиер Кирил Петков.
Доколку поранешниот премиер не успее да излезе од ќорсокак, претседателот на Бугарија, Румен Радев, ќе треба да назначи преодна влада до одржувањето на нови предвремени избори за неколку месеци.
Според агенцијата Блумберг, се појавува политичка парализа и покрај победата на изборите на партијата на Бојко Борисов. Коалицијата предводена од Петков е втора, но и таа нема јасен пат до мнозинство.
Долготрајната неизвесност на Бугарија може да ја доведе до тешка позиција, односно да биде најсиромашна земја-членка на Европаската Унија, предупредуваат американските политичари.
Според американските медиуми и власти, на долготрајната политичка криза на оваа балканска земја не и се гледа крајот.
Подготвено од М.Н.