13.10.2022 Скопје
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, соопшти дека денес на владината седница ќе биде презентиран нов модел на субвенционирање. Николовски очекува земјоделците правилно да ја разберат новата политика која ќе биде презентирана во текот на денешниот ден.
Како што најави Николовски, новиот модел на субвенционирање креиран со Платежната агенција, се очекува да почне да се применува од 1 јануари 2023 година. Постојаниот модел на субвенционирање, оцени министерот Николовски, не ги дава посакуваните ефекти и укажува на манипулации и можности за злоупотреба.
Постојаните субвенции за земјоделците нема да бидат скратени, ќе бидат распоредени во повеќе различни програми. Новиот модел треба да значи побрза исплата и земјоделците навреме да ги имаат на располагање парите за да навреме почнат со ново производство.
Темелот на овој модел е авансна исплата на субвенциите, односно 30 отсто од целокупните субвенциите земјоделците ќе ги добијат и пред да бидат завршени административните контроли во Платежната агенција. Со самото пријавување земјоделците ќе добијат 30 отсто субвенции за почеток на производството, и целта е да постигнеме поголема контрола на користење на овие средства, изјави министерот Николовски.
Подготвено од М.Н.