18.10.2022 Скопје
Бугарија не даде дозвола за отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Од советот на Благоевград излегоа со известување дека не сакаат градот да биде центар за пропаганди и провокации.
Советникот Кирил Илиев од ГЕРБ, изјави дека ова е јасна порака дека „македонистите“ не се добредојдени во овој град.
Отворањето на овој клуб беше закажано за 30 октомври а пред неколку дена на натписот на македонскиот културен клуб била извадена и буквата „М“.
Подготвено од М.Н.