02.10.2022 Скопје
Претседателот на Бугарија, Румен Радев, изјавил дека Бугарија е главен извозник на електрична енергија во овој регион и дека е подготвена да го зголеми својот извиз во Северна Македонија во согласност со правилата на европскиот енергетски пазар и бугарското законодавство и интересот на бугарските граѓани и бизниси.
Радев изјавил дека заедно со претседателот на Северна Македонија и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, разговарале за можностите Европската Унија финансиски да ги поддржи можностите на Северна Македонија за да се избегне евентуална ликвидна криза оваа зима, во однос на снабдување на електрична енергија во земјава.
Претседателот на Бугарија, Радев, изразил надеж дека ќе има напредок во оваа насока, но тоа зависи и од одлуката на европските инвестиции, како и на Северна Македонија да ги упатат соодветните барања, бидејќи Бугарија веќе има почнато со помош и веќе имаат формирано заедничка работна група со Северна Македонија.
Преостанатите политички разговори меѓу двете земји, според претседателот Радев, се одвиваат во нормална атмосвера на меѓусебно почитување и пријателство, треба да се решат сите прашања кои се одолговлекуваат веќе премногу години, и неизбежен е заеднички разговор и заедничко решение за заедничката историја со Северна Македонија.
Радев изјавил дека очекува државниците во Северна Македонија да покажат политичка мудрост, и да ја градат европската иднина како земја која е ослободена од идеологиите на минатото.
Во Бугарија денес се одржуваат и нови предвремени парламентарни избори, кои се четврти по ред во последните две години.
Подготвено од М.Н.