21.10.2022 Скопје
Британската премиерка Лиз Трас, која беше на функција само 45 дена, поднесе оставка.
Трас на почетокот на септември, функцијата ја наследи од својот колега Борис Џонсон, кој се најде под притисок на јавноста по турбулентната година што ја обележа скандал со забава во премиерската канцеларија, додека британскиот народ мораше да ги почитува строгите мерки за заштита од Ковид-19.
Лиз Трас во кратка објава како причина за оваа нејзина одлука истакна дека, должноста ја преземала во време на голема економска криза и меѓународна нестабилност и дека жали бидејќи неможе да го испорача она за кое што била избрана.
Подготвено од М.Н.