18.10.2022 Скопје
Државните власти на Босна и Херцеговина и двата локални субјекти најавија продолжување на забраната за извоз на дрвни сортименти, тркалезно дрво и пелети до крајот на март 2023 година, со цел да ја ограничат неговата цена и да им помогнат на граѓаните и стопанството.
Сташа Кошарац, министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина, соопшти дека и покрај претходните мерки за забрана за извоз, цените на пелетите за огревно дрво не се значително променети. Воедно, најави дека властите може дополнително да ги ограничат маржите и да одредат највисоки цени за пелетите за домашна употреба.
Подготвено од А.Ѓ.