04.10.2022 Скопје
Домот на народите на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина, на итната седница закажана за денеска, се очекува да разгледа и усогласи два владини извештаи, што се очекува да доведе до пониска цена на горивата и на некои основни прехранбени производи.
Претходно, Претставничкиот дом и Домот на народите на државниот парламент ги усвоија тие два закона, за ДДВ и акцизи, но во различни текстови, па затоа беше неопходно да се усогласат меѓу двата дома.
Претставничкиот дом, во март годинава, усвои предлог за измена на Законот за акцизи во БиХ, според кој горивото ќе поевтинува и до половина конвертибилна марка за период од шест месеци, со можност за продолжување за дополнителни три месеци. Потоа, Домот на народите на Парламентарното собрание на БиХ го усвои истиот закон, но со рок на важност од само 30 дена.
Комисијата за усогласување, текстот на предложениот закон меѓу двете комори, го усогласи на тој начин што акцизите за гориво се укинуваат за период од шест месеци со можност за продолжување за дополнително три месеци.
За Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, станува збор за воведување на нулта стапка на ДДВ за основните прехранбени производи, храна и опрема за деца, семенски и саден материјал и 22 отсто за луксузни стоки.
Подготвено од А.Ѓ.