https://www.flickr.com/photos/number10gov/49691181968

23.10.2022 Скопје

Во текот на вчерашниот ден, Борис Џонсон со авион на „Бритиш Ервејз“ пристигна на аеродромот „Гетвик“ во Лондон од Доминиканската Република, каде во изминатиот период беше на одмор со семејството, и директно влегува во трката за нов лидер на Конзервативната партија по оставката на премиерката Лиз Трас.

Џонсон успеа да го мине цензусот од 100 гласови од пратениците на Конзервативната партија и би можел да се најде на гласачките ливчиња за избор на нов претседател на партијата и иден премиер.

Номинациите за лидер на Конзервативците се очекува да се финализираат в понеделник, откако поранешниот министер за финансии Риши Сунак стана првиот кандидат за лидер на Конзервативците кој го мина цензусот од 100 пратеници. Во трката за претседател на партијата се вклучи и поранешната министерка за одбрана, Пени Мордонт, но таа засега ја нема потребната поддршка.

Победникот на внатрепартиските избори на конзервативците треба да биде познат најдоцна до петок идната недела.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author