https://www.facebook.com/photo/?fbid=496075392530777&set=a.312278534243798

04.10.2022 Скопје

Во Северна Македонија има регистрирани нешто над 71.500 активни субјекти. Од нив 70.000 субјекти се на регулираниот пазар за електрична енергија, а тоа значи дека државата им ја гарантира цената и снабдувањето со електричната енергија која тие ја користат, особено дека се обезбедени со струја по гарантирана цена, изјавил вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

На слободен пазар се 1.600 компании, бидејќи ги исполнуваат условите, односно имаат годишен промет над 2 милиони евра. Овие компании се на слободен пазар и се на удар поради поскапувањето на електричната енергија, но останатите 70.000 се надвор од овој проблем. Не треба да се занемари овој податок, бидејќи секоја една компанија и секој еден граѓанин за Владата е битен, изјави Битиќи.

Од друга страна треба да се гледа економската структура, истакна Битиќи, се знае дека 97,8 отсто од вработените доаѓаат токму од малите претпријатија, односно овие 70.000 кои се на регуларниот пазар.

Овие 3 отсто од компаниите креираат навистина голем придонес во економијата и тоа сосема е разбирливо, затоа ќе направиме секакви напори за да им се излезе во пресрет на тие мали компании, истакна вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Стопанската комора на Македонија, излезе со соопштение во кое бара Владата до утре да предложи конкретни мерки кои ќе го ублажат силниот ценовен удар на електричната енергија.

За другите компании на слободниот пазар Комората сугерира, врз основа на сите компаративни анализи, да добијат определена базна цена над која државата би ги покривала трошоците и со тоа би се создале неопходни претпоставки за предвидливост, која е значајна основа на бизнисот, соопшти Стопанската комора.

Подготвено од М.Н.

About Author