https://www.facebook.com/narodnatabanka/photos/a.1540896229549397/2915456778759995/

13.10.2022 Скопје

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, истакна дека стабилноста на денарот успешно се одржува и за време на тековната економска криза, што се должи на соодветното ниво на девизни резерви, но и капацитетите на централната банка успешно да го одбрани курсот.

Анита Ангеловска-Бежоска, гувернерката на Народната банка која учествува на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка во Вашингто, САД, потенцира дека денарот со децении е стабилен во однос на еврото, валутата на нашиот најзначаен трговски партнер. Воедно, додаде дека ова е најповолната монетарна стратегија за нашата економија.

Зборувајќи за трендот на апрецијација на американскиот долар, кој започна кон крајот на минатата, а забрза годинава, гувернерката Ангеловска-Бежоска посочи дека има повеќе причини за тоа. Ангеловска-Бежоска објасни дека попогодени од овие трендови би биле оние економии, коишто се нето-должници во долари, односно имаат поголеми обврски отколку побарувања во долари, потенцирајќи дека тоа не е случај со македонската економија, бидејќи кај нас учеството на доларите во вкупниот надворешен долг на нашата економија е само околу 8% и тоа е главно кај јавниот сектор. Учеството на доларот во вкупната надворешна трговија, извозот и увозот, исто така е релативно помало, некаде околу 8-9%, додека останатата трговија е во евра, каде постои долгогодишна стабилност кај соодносот денар-евро и оттука тоа не се одразува на тој дел од трговијата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author