11.10.2022 Скопје
Државата го заокружи целокупното финансирање на буџетот за годинава, со над 40 милиони евра заштеда како резултат на претпазливото управување со должничкото портфолио во услови на криза и глобалниот раст на каматните стапки.
Фатмир Бесими, министерот за финансии, посочи дека цената на обезбедениот капитал за финансирање на буџетскиот дефицит и старите долгови кои доспеваат е по најповолни услови, поради заложбите на Владата за навремено обезбедување на капитал за финансирање на антиктризните мерки, но и другите буџетски потреби како зголемувањето на пензиите, социјалната помош, минималната плата, земјоделските субвенции и поддршката на фирмите за време на тековната криза.
Со Кредитната линија за претпазливост на ММФ, за која вчера Мисијата на ММФ даде позитивна оценка за користење за нашата земја и која се доделува исклучително на економии со здрави економски фундаменти и со здрави политики, заокружено е потребното финасирање на буџетот за годинава.
Министерот оцени дека вчерашната објава на ММФ за користење на 530 милиони евра од Линијата за претпазливост и ликвидност – ПЛЛ, е јасен и позитивен сигнал за политиките на нашата економија кон странските инвеститори. Воедно, Бесими посочи дека оваа програма се дава исклучително за земји што имаат здрави макроекономски политики.
Министерот Бесими истакна дека во Буџетот има доволно средства за покривање на потребите, како и за мерките за намалување на ефектите од кризата. Сепак, нагласи дека тековната светска економска криза е една од најголемите од Втортара светска војна наваму и дека можноста целиот шок да се покрие преку буџетот, а без при тоа секој поединечно да не направи заштеда од аспект на користење на електричната енергија е невозможно.
Подготвено од А.Ѓ.