05.10.2022 Скопје
Германскиот министер за економија, Роберт Хабек, изјави дека цените на гасот од Соединетите Американски Држави се премногу високи.
Во потрага по алтернативно решение за рускиот гас, државите од Европската Унија, мора да плаќаат многу повисоки цени, пред се за течниот нефтен гас, поради што Хабек упати критики до одделни земји, кои испорачуваат гас по огромни цени а особено САД.
САД ни се обрати откако цените на нафтата отидоа превисоко, и кога во Европа се црпеше од националните нафтени резерви. Германскиот министер истакна дека сега очекува солидарност и би било добро цените на гасот да бидат намалени.
Европската Унија, истакна Хабек, би требало да ја обедини својата пазарна моќ и да координира паметно купување, за одделни замји да не се натпреваруваат и со тоа да го поттикнуваат растот на цените на светските пазари.
Германскиот министер за економија, Роберт Хабек, на крај истакна дека Европската пазарна моќ е огромна и во целост мора да биде искористена.
Подготвено од М.Н.