22.10.2022 Скопје
Украинската војска упати директен апел до народот на Белорусија, сојузник на Русија, во кој бара од него да не учествуваат во „валканата војна” против Украина.
Во соопштението се вели дека Минск се обидува да го вовлече белорускиот народ во „валканата војна”, во истото се повикуваат граѓаните да го направат „вистинскиот избор” и да се држат настрана од тоа.
Украинската војска предупреди дека доколку Белорусија директно учествува во војната, тие ќе одговорат.
Неодамнешното руско распоредување на илјадници војници и стотици оклопни возила во соседна Белорусија поттикна нови стравови во Украина дека рускиот претседател Владимир Путин може да започне нов фронт во неговата војна против Украина.
Подготвено од А.Ѓ.